Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ВАКЦИНА КОЈА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ПРОТИВ КОРОНА – Во Англија пријавени 1000 волонтери за тестирање на истата

Британски научници започнаа со тестирање на вакцина против туберкулоза, позната како БСЖ, која беше изработена во 1921 година, за да утврдат дали може да им помогне на луѓето со ковид-19.

Околу 1.000 волонтери се пријавија да учествуваат во оваа студија, што ќе се спроведе на Универзитетот во Ексетер во југо-западна Англија, со цел да се утврди дали вакцината БСЖ може да спаси животи на луѓе со ковид-19.

Се верува дека милиони Британци, кои биле вакцинирани со БСЖ како деца, треба повторно да ја примат за да имаат ефект во случај на корона инфекција со вирусот. Научниците се надеваат дека вакцината БСЖ може да делува и против коронавирусот.


Постои солидна теорија која вели дека вакцината БСЖ може да има корисен ефект врз заразените со вирусот корона. Јас сметам дека е можност да се заштитам до одреден степен оваа зима – изјави за Би-Би-Си Сем Хилтон од Универзитетот во Екстер.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Адана Габрејесус, е еден од коавторите на студијата објавена во медицинското списание „Лансет“, што укажува на тоа дека вакцината БСЖ може да биде „препарат што ќе го премости периодот до откривањето на специфична вакцина против ковид-19 “, се наведува во текстот на Би-Би-Си.

Тоа може да биде значаен одговор на Ковид-19 и некоја идна пандемија, иако БСЖ не може да биде долгорочно решение – наведува магазинот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...