9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

„Ако гласате за Бајден, ќе ви испратам РАЗГОЛЕНА фотографија”

Во последните неколку децении, заедно со развојот на технологијата и менувањето на свеста, се одвива и нов вид на лобирање и собирање на политички гласови. Доказ дека во љубовта, војната и политиката е се дозволено, е младата Јутјуберка, која одлучила да ја поддржи претседателската кампања на Џозеф Бајден така што на сите што ќе гласаат за него, ќе им прати свои експлицитни фотографии.

https://www.instagram.com/p/B5_Ub6Sh1O0/?utm_source=ig_embed

Тана Мариа Монгау од Лас Вегас има само 22 години, а веќе станала планетарно популарна како пејачка, јутјуберка, инфлуенсерка, а од скоро е и модел на платформата “Only Fans”. Во центарот на вниманието на јавноста била неколку пати поради своите бурни романси и содржините кои ги објавува на социјалните мрежи, а овој пат вниманието на Американците го привлекла со начинот на кој одлучила да го поддржи Џо Бајден во трката за претседател на САД.

Имено, секој што ќе го даде гласот за Бајден, од Тара ќе добие бесплатна експлицитна фотографија на мрежата “Only Fans”. Сепак, за тоа бара и доказ дека тој навистина го добил гласот.

„Ако ми пратите доказ дека сте гласале за Бајден, ќе ви пратам разголена фотографија бесплатно”, рекла таа.

Дека Бајден можеби добро ќе профитира од нејзиното лобирање, зборуваат бројките на нејзиниот профил на Инстаграм. Имено, ја следат повеќе од 5,4 милиони луѓе на оваа социјална мрежа, што не чуди ако се земе во предвид фактот дека во главно поставува провокативни фотографии на кои е речиси гола.

Пред пет дена, таа на својот профил објавила монтирана фотографија од себе и Бајден, на која на своето тело во минијатурна долна облека го ставила лицето на противкандидатот на Трамп со хаштаг “#BootyForBiden”.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести