5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СДСМ: Започна Викенд без ДДВ обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и поголема приватна потрошувачка

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани

Домашните производи кои ги купувате денеска, како и ИТ опрема, ќе ви го вратат целосниот пресметан ДДВ на вашите сметки.

Денеска започнува “Викенд без ДДВ” и секој граѓанин кој е корисник на апликацијата МојДДВ до 12 октомври, ќе го оствари правото да му се врати пресметаниот ДДВ во полн износ на фискалните сметки кои ќе им бидат издадени.

Ако досега се враќаше 20% од пресметаниот ДДВ за македонски производи, овој продолжен викенд се враќа целосниот износ на пресметаниот ДДВ.

Значајно е да се напомене дека вредноста на македонските производи и услуги, како и компјутерската опрема, независно одн потеклото, не треба да бидат повисоки од 30.000 ден.

За да граѓаните добијат поврат на целиот износ на ДДВ, фискалните сметки треба да ги скенираат во рок од три дена од издавањето.

Целосниот пресметан ДДВ ќе им биде исплатен на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена, односно, исплатата ќе се изврши до крајот на месец октомври.

Викенд без ДДВ” е мерка којашто е дел од четвртиот пакет антикризни мерки на владата предводена од СДСМ и е достапна за 350.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, но и за нови корисници кои ќе ја инсталираат апликацијата и за време на овој викенд.

Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

За само една година преку мерката Мој ДДВ, веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

“Викенд без ДДВ” значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.

Ова е уште една мерка која ја докажува постојаноста на Владата предводена од СДСМ во концептот Парите назад кај граѓаните, што и натаму останува еден од врвнните приоритети.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните, на економијата и на државата.

Благодарам

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести