Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Што најавува науката за КРИТИЧНИТЕ НАРЕДНИ ТРИ МЕСЕЦИ СО КОРОНА ВИРУСОТ

Корона вирусот досега однесе над милион животи, а експертите стравуваат дека тој број може да се зголеми двојно во следните три месеци.

Според експертите, бидејќи се приближува зимата, како и сезоната на грип, северната хемисфера може да забележи драстично зголемување на инфекциите со корона вирус. Во изјавата на Светската здравствена организација во понеделникот, која објави дека едно од 10 лица во светот е најверојатно заразено со вирусот што предизвикува COVID-19 болест, исто така го поддржува тоа. Исто така, оваа институција ја предупредува светската јавност дека претстојат тешки денови.

Експертите од Институтот за здравствена метрика и проценка сметаат дека до крајот на годината, бројот на жртви на корона вирусот може да скокне на 2,3 милиони, пренесува „South China Morning Post“.

Џенет Хачер Робертс, заменик директор на Центарот за трансфер на знаење и проценка на здравствената технологија, посочи дека забрзаниот раст на бројот на заразени „има смисла“.

Бројот на заразени лица се зголемува кога ќе се земе предвид ширењето на епидемијата, како и фактот дека овој вирус е многу заразен. Има смисла затоа што строго не се придржуваме до мерките против ширење на коронавирусот на координиран и систематски начин. Поради тоа, се создаваат „дупки“ во нашата можност да одговориме на епидемијата – рече Робертс.
Пандемски замор

Еден од факторите што Робертс го наведува е дека луѓето се чувствуваат „уморни од пандемијата“ и ги игнорираат советите на здравствените експерти. Исто така, има и такви кои веруваат дека пандемијата не постои, што дополнително влијае на забрзаниот раст на бројот на заразени, тврди таа.

Мајкл Бејкер, професор по јавно здравје на Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд, се согласи дека пандемијата на коронавирусите се забрзува низ целиот свет и посочи дека разликите во стратегиите имаат различни ефекти.

Земјите во регионот на Азија и Пацификот во повеќето случаи се придржуваат до затворање места во карантин, поради што бројот на случаи е мал. Од друга страна, земјите во Европа и Северна Америка се соочуваат со зголемување на бројот на заразени кога ќе се попушта со мерките – објасни Бејкер.

најчитани вести

Забава

Марија Шерифовиќ ја посетила слаткарницата на својата мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, за да научи да прави торта, но и се случил еден пех....

Забава

Овен Ноември носи хармонични моменти со семејството, пријателите и партнерот. Наоѓате утеха во нив, и секогаш кога имате лош ден, тие се тука за...

Забава

Актерката Јелена Јованова или како што уште сите ја знаат – Јелена од Драчево, поради ликот кој го толкуваше во серијата „Преспав“, денес слави...

Балкан

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, за РТС вели дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија. Тој исто така посочува...