Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПОЧНА ВИКЕНД БЕЗ ДДВ

Почна Викендот без ДДВ, мерката од четвртиот пакет антикризни мерки. Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ.

Секој граѓанин ќе добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет во овие три дена до 30.000 денари. За тоа треба да ги земе фискалните сметки, во рок од три дена од издавањето на сметката да ја скенира преку апликацијата Мој ДДВ, а парите ќе му бидат вратени во рок од 15 дена на трансакциска сметка.

Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки кои ќе бидат издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.

Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови. За прометот над 30.000 денари ќе важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17.000 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Засега околу 350 000 граѓани можат да ја користат оваа мерка. Тоа е бројката на регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки, но според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, таа бројка очекуваат да се зголеми на 400 000 граѓани.

Ги повика сите граѓани за време на овој викенд да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот според дефинираните протоколи.

Проекциите на Владата се дека во овој продолжен викенд со мерката ќе се направи вкупен промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните повратот ќе биде околу 17 милиони евра.

За реализација на оваа мерка вчера беа донесени законски измени од страна на Собранието на Република Северна Македонија, а Управата за јавни приходи искажа подготвеност за нејзино спроведување.

-УЈП ја прилагоди аликацијата Мој ДДВ и подготвено го очекува продолжениот викенд. Сите граѓани кои се корисници на апаликацијата Мој ДДВ за фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври и пријавени преку системот за скенирање за купените македонски производи и услуги и ИТ опрема ќе им се врати во целост пресметаниот ДДВ во фискалните сметки, рече вчера на прес-конференција в.д. директорот на УЈП Фарук Омери.

Потенцира дека во државава има на располагање голем асортиман домашни прозиводи почнувајќи од прехрана, текстил, облека, градежни материјали и друго, што значи има широка лепеза на проиводи и услуги и граѓаните може да ги направат потребните набавки и дека е ставен акцент на ИТ опремата, која независно од потеклото во фисаклните сметки ќе се регистрира како промет на македонски производи.

Апелираше дека за целосна реализација на оваа мерка сите трговци треба да ги означат македонските производи и услуги и компјутерска опрема, односно да ги разделат во фискалната сметки со цел непречено враќање на ДДВ.

Тој повика на примена на пропишаните протоколи од страна на трговците, и посочи дека на терен ќе бидат инспекторатите за да се спречат евентуални малверзации со покачени цени.

Ова е една од 31-та мерка од четвртиот владин пакет кои треба да почнат да се реализираат со донесување на новиот ребаланс на буџетот, веќе усвоен од Владата и треба да ја помине собраниската процедура. Тој треба да опфати над 600 000 граѓани.

За една од нив за кои не треба законски измени веќе е објавен јавен оглас со која на компаниите што се корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1 им се дава можност да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за три месеци.– Ова е прва од мерките од четвртиот пакет економски мерки која почнува да се реализира. Државата е партнер на стопанството и граѓаните, ова зголемување на грејс-периодот за отплата на кредитите од Ковид 1 ќе им даде дополнителна ликвидност на корисниците во овој последен квартал од годината за пребродување на кризата, стои во објава на ФБ на Министерството за финансии.Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид-кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.– Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6 509 лица. Од нив, 77 отсто беа микро, 21 отсто мали компании, а два отсто средни компании, стои во објавата.Со четвртиот пакет мерки вниманието на Владата е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...