Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Кисинџер: МОЖНА Е СВЕТСКА ВОЈНА АКО САД НЕ СЕ ДОГОВОРАТ СО КИНА

САД треба да ја преиспитаат својата хегемонија и да разговараат со Кина за воведување ограничувања на конкуренцијата, бидејќи алтернативата е да се создадат услови слични на оние што претходеа на Првата светска војна, предупреди Хенри Кисинџер.

  • Нашите лидери и нивните лидери мора да разговараат за границите над кои нема да вршат закани и како да ги дефинираат, рече Кисинџер, дипломат за време на администрацијата на Никсон, кој се залага за приближување на Америка кон Кина.
  • Може да кажете дека е сосема невозможно, но ако е така, ќе влеземе во ситуација слична на онаа во Првата светска војна – предупреди тој за време на дебата на Интернет организирана од Њујоршкиот економски клуб.
  • Развојот на технологијата, како што е вештачката интелигенција, предизвика вртоглав напредок, веројатно најголемиот изум од воведувањето на печатењето, што го прави светот премногу сложен за унилатерализам, рече Кисинџер.
  • На Вашингтон му треба „нов начин на размислување“ што ќе препознае дека денес ниту една земја не е во состојба да „постигне толкава еднострана супериорност во стратегијата и економијата што никој нема да може да ја загрози“, додаде тој, пренесува „Russia Today“.
  • Ова е голем предизвик за секоја администрација, и не е партиски предизвик, тоа е историски предизвик, затоа што не можеме да го ревидираме на секои четири до осум години. И, ако не можеме да го разјасниме тоа во нашата земја, не можеме да се справиме со други земји.

Кисинџер рече дека предложените разговори со Кина треба да траат многу години.

Администрацијата на Трамп водеше конфронтација со Кина на неколку фронта. Меѓу другото, воведе царини за кинескиот извоз во Соединетите Држави, ги истурка кинеските технолошки и комуникациски компании од американските пазари и се обиде да го обвини Пекинг за штетата предизвикана од COVID-19 пандемијата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...