На социјалните мрежи објавено е видео каде што вода гори од чешми на селскиот водовод во Стајичево.
“Водовод и канализација“ од Зрељанин на тоа одговорил укажувајќи дека мештаните од селото знаат дека во водата има метан кој е запалив, и дека во поголеми количини може да предизвика и експлозија.
Синиша Гајин раководител на службата за информирање во тоа претпријатие рекол дека во земјиштето јужно од Зрењанин има гасовод, меѓу кој и метан, и “сите мештани го знаат тоа, уште од кога постои системот за водоснабдување“.
Гајин рекол дека со изградба на водокула, приземниот резервоар на метан е тргнат од водата во сите села, освен во Стајичево и Бело Блато, каде што сеуште се работи на тоа.
Во селото Стајичево на изворот, од каде што селото се снабдува со вода, “вградена е автоматика која го контролира испуштањето на гасови“, но укажуваат од “Водовод“, “сепак се случува“ гасот да остане во водата и да се дистрибуира до корисниците.
Поради метан во водата се препорачува проветрување на просторијата каде што се употребува вода и да биде отворен прозор од купатило, препорачуваат од “Водовод“.
Stajićevo, selo udaljeno oko pet kilometara od Zrenjanina. pic.twitter.com/AqzgKXOrCv
— Ivan Živkov (@izivkov) October 5, 2020
