15.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

На денешниот ден во 1967 е убиен Че Гевара

Еден од најголемите марксистички револуционери, кубанскиот герилски водач, лекар, дипломата и писател, Ернесто Гевара де ла Серна, попознат како Че Гевара е убиен на денешниот ден во 1967 година.

Че Гевара остана запаметен како симбол на борбеноста, храброста и издржливоста. Важел за многу строг водач и човек со силен авторитет.

Роден е 1928 година во градот Росарио во Аргентина во семејство со шпанско-ирско потекло.

Списанието Тајм го прогласи Че Гевара за една од 20-те најголеми икони во рамките на 100-те највлијателни луѓе на 20-от век.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести