ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно излезе на улица протестирајќи против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.
Мицкоски со поддржувачите се упати од пред министерството за правда, кон Министерството за информатичко општество и администрација.
Според Мицкоски, Македонија е заробена држава од страна на мафијата на власт, а главна одлика на власта се реваншизмот и теророт врз сите граѓани, нивни неистомисленици.

Поддржувачите на Мицкоски на протестот порачаа дека и ЕУ потврдува дека во Македонија има мафија на власт, а додека граѓаните трпат за леб, Заев се вози на мотор.
