Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ХОРОР ВО ЗАТВОРОТ ВО ШТИП: Затворениците оставени без лекарска помош- докторот и забарот позитивни на КОРОНА!?

Пред малку до нашата редакција пристигна информација од вработени во КПУ Штип дека ситуацијата со корона вирусот е повеќе од сериозна.


Според информациите со кои располагаме веќе 8 затвореници се наоѓаат во изолација, а тоа во затворски услови е самицата. Покрај затворениците, наводно заразени се и единствениот затворски доктор, како и стоматологот.


Во тие услови, без медицинско лице, се поставува прашањето колку се затворениците и персоналот безбедни во затворот Штип?


Повеќе затвореници се држат во изолација, односно самица, со што не хумано се казнуваат, додека никој не презема мерки за да ги тестираат.


Доколку се овие информации точни, очекуваме реакција од раководството на затворот со цел да се заштитат животите на затворените лица и да прекине затворањето во самици, бидејќи самицата служи како казнена мерка, а не простор за изолација на суспектни случаеви за заразени лица.

Имено, медиа.мк прва објави дека затвореник од Штип бил пренесен на едно од инфективните одделенија за Ковид во државата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...