Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ КАДРИФАКОВО: Загина 46-годишна самохрана мајка

Четириест  и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако во близина ја оставил автобусот со кој се вратила од трета смена во штипска фабрика.

Во обид да го премине патот, била прегазена од возило што се движело од спротивниот правец. Како последица од ударот, жената починала на самото место.

Според СВР Штип, несреќата се случила во 6: 27 часот. Им било пријавено  дека на регионалниот пат кај село Кадрифаково, возило „форд фокус“ со светиниколска регистрација управувано од 43-годишниот  Т.Г. од село  Ерџелија, удрило во пешакот С.С. од село  Кардифаково. Во незгодата, С.С. се здобила со повреди и починала на самото место. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе во содејство со јавен обвинител.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...