Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МОН: Почитувајте ги мерките за заштита и одговорно однесувајте се и надвор од училиштата

Министерството за образование и наука апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста.

– Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, доколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Министерството за образование и наука, заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги презема сите мерки, препораки, протоколи, алгоритми и укажуваме на целосно нивно почитување од страна наставниците, учениците и родителите.
Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. Над 80% од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкотии. За останатиот дел кои немаат уреди или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал, велат од МОН од каде уште појаснуваат дека се во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата.

најчитани вести

Забава

Марија Шерифовиќ ја посетила слаткарницата на својата мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, за да научи да прави торта, но и се случил еден пех....

Забава

Овен Ноември носи хармонични моменти со семејството, пријателите и партнерот. Наоѓате утеха во нив, и секогаш кога имате лош ден, тие се тука за...

Забава

Актерката Јелена Јованова или како што уште сите ја знаат – Јелена од Драчево, поради ликот кој го толкуваше во серијата „Преспав“, денес слави...

Балкан

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, за РТС вели дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија. Тој исто така посочува...