7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ПРОНАЈДЕНИ БЕЗЖИВОТНИ ТЕЛА НА СОПРУЖНИЦИ во автомобил во Панчево (ФОТО)

Голем ужас ја потресе Србија. Во автомобил во Панчево пронајдени се тела на маж и жена.

Според српските медиуми телото на мажот М.Ж (41) од Велико Градиште и сопругата на М.С. (31) со живеалиште во Панчево биле пронајдени во патничко возило околу 15 часот на улицата Стерија во Панчево.

Според неофицијални информации, се сомнева дека станува збор за убиство и самоубиство.

Телата биле пронајдени со прострелни рани во главата во сив „голф“ регистриран на име на жената.

Неофицијално, во автомобилот бил пронајден пиштол.

Истрагата е во тек.

Според Вишото јавно обвинителство во Панчево, ќе се нареди форензичка обдукција, а по што ќе се знаат причините за смртта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести