Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Њујорк Тајмс: ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ГИ ЧИНИ АМЕРИКАНЦИТЕ ТРЕТМАНОТ НА ТРАМП ЗА КОРОНАВИРУС

Луѓето со здравствено осигурување плаќаат во просек 31.575 долари. Тестовите за коронавирус можат да бидат скапи. Иако чинат околу 100 долари, во Тексас достигнуваат 6.408 долари. Во САД се извршени 108 милиони тестови. Третманот со лекот „ремдесивир“ чини 3.120 долари со приватно осигурување, а 2.340 долари со Медикер и Медикаид.

Весникот „Њујорк Тајмс“ објави напис „Колку би ги чинело повеќето Американци лекувањето за коронавирус ако беа третирани како американскиот претседател Доналд Трамп“.

Ова е дел од истрагата на американскиот весник за трошоците за тестирање и третман на коронавирус во земјата, како и за тоа како пандемијата ја менува здравствената заштита во САД.

Трамп помина три дена во болница. Тој беше однесен и вратен во Белата куќа со хеликоптер. Тој беше подложен на бројни тестови за коронавирус, а исто така доби кислород, стероиди и експериментални лекови.

За некој што не е претседател, трошоците ќе бидат повеќе од 100.000 долари во американскиот здравствен систем.

Најголемиот финансиски ризик не доаѓа од престојот во болница, туку од услугите, вклучително и транспорт со хеликоптер и повеќе тестови на коронавирус.

Американскиот лидер го пофали високиот квалитет на здравствена заштита што го добил во воената болница „Волтер Рид“ и го минимизираше ризикот од вирус. Во земјата речиси половина милион биле хоспитализирани. Рутинските тестови можат да доведат до илјадници долари непокриени трошоци за осигурување. Некои пациенти добиле сметки во износ поголеми од 400.000 долари.

Трамп не мора да се грижи за третманот што го добива, бидејќи тој е покриен од федералната Влада. Сепак, многу Американци, вклучително и оние со здравствено осигурување, не можат да си дозволат таква медицинска нега.

Тестовите за коронавирус можат да бидат скапи. Иако чинат околу 100 долари, во Тексас достигнуваат 6.408 долари. Во САД се извршени 108 милиони тестови. Третманот со лекот „ремдесивир“ чини 3.120 долари со приватно осигурување, а 2.340 долари со Медикер и Медикаид.

Трамп доби и експериментален лек со антитела од „Регенерон“. Тој е достапен само за оние кои се вклучени во клинички испитувања и во некои особено тешки случаи.

Економистите почнаа да ја анализираат целосната цена на третманот со коронавирус. Просечната цена за хоспитализиран пациент над 60 години е 61.912 американски долари. Ова вклучува медицинска нега во болница. Луѓето со здравствено осигурување плаќаат во просек 31.575 долари. Некои пациенти постари од 60 години плаќаат помалку од 26.821 долари за престој во болница, а други над 193.149 долари за подолг престој.

Користењето медицински хеликоптер е скапо во САД и повеќето планови за здравствено осигурување не го покриваат тоа. Во просек се плаќаат 38.770 долари. Во случајот на Трамп, кој беше пренесен и вратен со хеликоптер, трошокот за обичен Американец би можел да биде над 40.000 американски долари, иако луѓето не ја напуштаат болницата со хеликоптер.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...