Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Премиерот Заев го прими еврокомесарот Вархеји: Позитивните пакети на ЕК нѐ мотивираат да продолжиме со имплементација на реформите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска го прими во официјална посета комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, кој по пречекот и тет-а-тет средбата со премиерот Заев присуствуваше на свечената седницата на Владата, на која го презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за нашата земја и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.

По седницата на Владата, премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји одржаа заедничка прес-конференција.

На конференцијата, на која новинарите учествуваа преку онлајн вклучување, премиерот Заев, посакувајќи му добредојде на еврокомесарот Вархеји, се заблагодари за неуморниот ангажман за, како што рече, унапредувањето на евро-интеграциското досие на Северна Македонија.

Осврнувајќи се на двата документи кои вчера Европската комисија ги објави за европската агенда на Република Северна Македонија, Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, премиерот Заев истакна дека тие се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за нашата земја, и во период кога го очекуваме одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ до крајот на годинава во рамки на германското претседателство со ЕУ.

„Целиот пакет документи се придонес кон создавање силен политички момент за уште еден, овој пат ќе речам – конечен исчекор во европската агенда на земјата со кој ќе отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија и влегување во нова повисока фаза во остварувањето на нашата стратешка цел-членство во ЕУ“, рече премиерот Заев додавајќи дека Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секторските планови во наредниот период.

Тој додаде дека на овој начин се создава силна синергија и комплементарност, поефикасно планирање на неопходните ресурси и подобро фокусирање на целиот општествен потенцијал за испорака на конкретни резултати за просперитет на Северна Македонија и на сите граѓани во неа.

Потенцирајќи дека во Извештајот за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата на нашата земја со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, премиерот Заев посочи дека во него се наведува дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

„Посебно се издвојуваат наодите во  областите  фундаментални  вредности,  избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи  дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер, заедно со министрите, од анализата на наодите од Извештајот ќе ги искористиме укажувањата на Европската комисија за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјата за преговори посветен на темелните вредности, кои натаму ќе се преточат во преговарачки позиции на нашата земја“, рече Заев посебно издвојувајќи го Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, за кој како што рече, комесарот Вархеји има најголема заслуга.

Претседателот на Владата, Заев подвлече дека овој Инвестициски план е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот.

„Мобилизираната финансиска поткрепа од девет милијарди евра преку ИПА 3 финансирањето, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој“, посочи Заев на денешната прес-конференција.

Премиерот Заев изрази задоволство и информираше дека веќе е прифатена листата на созреани национални проекти кои ќе имаат сериозно општествено влијание како што се проекти од областа на управувањето со отпад и отпадните води, користење на хидро-енергетскиот потенцијал на земјата, унапредување на гасоводната мрежа, како и продолжување на унапредување на патната и железничката инфраструктурна мрежа долж Коридорот 8, кои Владата на Северна Македонија, како и владите на останатите земји од регионот ги доставиле до Европската Унија.

Премиерот Заев, до Европската Унија упати благодарност и за понудената помош и покажаната солидарност за полесно совладување на  последиците предизвикани од КОВИД-19 кризата, подвлекувајќи дека веќе е пристигната помош од 80 милиони евра, а останатите 80 милиони евра ќе бидат доставени подоцна, за соочување со социо-економските последици.

Еврокомесарот Оливер Вархеји на прес-конференцијата истакна дека Скопје е прва станица од неговата маршрута низ земјите на Западниот Балкан и изрази задоволство што лично може да ги соопшти добрите вести дека Европската Унија е ангажирана со нашата земја за зајакнување на проширувањето, со тоа што има нова методологија, постигнување договор со другите земји-членки за почеток на преговорите со Северна Македонија и како што подвлече Вархеји, третата ногарка која го прави столчето стабилно е Инвестицискиот и економски план, кој е значителен поттик за економијата во регионот.

Вархеји подвлече дека Европската Унија е важна за Северна Македонија и за целиот регион и Планот ги содржи сите идеи во однос на областите каде може најмногу да се придонесе за заздравување на економијата за одржлив најбрз начин.

Тој изрази надеж дека по брза постапка ќе се остварат сите избрани иницијативи, кои на најдобар начин ги одразуваат приоритетите и кои ќе придонесат кон менување на пејзажот на регионот на полето на економијата и Западниот Балкан да стане ефективно подрачје во кое е инвестирано и ќе ги подобри условите за живот за луѓето кои живеат во овој регион во поглед на јавното здравје, поврзаноста, достапноста на дигиталните алатки и за кои ЕУ е подготвена за нивно заедничко спроведување.

Еврокомесарот Вархеји одговарајќи на новинарско прашање, одговори дека за охрабрување е, и во интерес на Република Бугарија и Северна Македонија, изнаоѓањето решение за сите прашања и дека ова е моментумот да се постигне тоа. Тој додаде, дека гледа посветеност од двајцата премиери, Заев и Борисов да изнајдат решение и посочи дека тоа не е невозможно.


Премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји на заедничка прес-конференција: Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан е исполнување на сонот и порака за  кохезија и поврзување на регионот, вистинска мотивација да испорачаме уште поголеми резултати во идниот период

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, денеска, одржаа заедничка прес-конференција, по одржаната билатерална средба и свечената владина седница, на која еврокомесарот го презентираше Годинешниот извештај на Европската комисија за нашата земја и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.

Во продолжение, ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Заев: 

„Почитуван Комесар за соседство и проширување на Европската комисија господин Оливер Вархеји, 

Почитувани членови на Владата на Република Северна Македонија,

Почитувани претставници на медиумите,

Дозволете ми и пред вас и пред нашата јавност да му посакаме уште еднаш добредојде на комесарот за соседство и проширување на Европската комисија (ЕК), господинот Оливер Вархеји,

Од свое, и од име на македонските граѓани дозволете ми да Ви се заблагодарам за Вашиот неуморен ангажман за унапредувањето на евро-интеграциското досие на Северна Македонија, вклучувајќи ја и вашата денешна посета за лично да ни го презентирате Годишниот извештај на Европската комисија за нашата земја, како и да нѐ запознаете со Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан.

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,

Вчера Европската комисија ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Република Северна Македонија: Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан. Имав чест да ми биде предаден денеска, директно од еврокомесарот.

Годинешните пакети на Европската комисија имаат посебно значење бидејќи се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за нашата земја, и конечно, во период кога го очекуваме одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ до крајот на годинава во рамки на Германското претседателство со ЕУ.

Целиот пакет документи се придонес кон создавање силен политички момент за уште еден, овој пат ќе речам – конечен исчекор во европската агенда на земјата со кој ќе отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија и влегување во нова повисока фаза во остварувањето на нашата стратешка цел-членство во ЕУ.

Дополнително, особено важен момент е што Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и Програмата на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секторските планови во наредниот период. 

На овој начин се создава силна синергија и комплементарност, поефикасно планирање на неопходните ресурси и подобро фокусирање на целиот општествен потенцијал за испорака на конкретни резултати за просперитет на Северна Македонија и на нашите граѓани.

Сите овие аспекти се важни и по однос на подготовките на земјата за преговарачкиот процес.

Согласно досегашната пракса, Извештајот на Европската комисија дава јасна слика за состојбите во земјата. Ги нотира областите каде што е постигнат напредок, како и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.

Во таа насока оди и нашата благодарност и за остварувањата и за укажувањата во извештајот на Европската комисија.

Во извештајот за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата на нашата земја со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво. Се наведува дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

Посебно се издвојуваат наодите во  областите  фундаментални  вредности,  избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи  дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.

Јас како премиер, заедно со министрите, од анализата на наодите од Извештајот ќе ги искористиме укажувањата на Европската комисија за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјата за преговори посветен на темелните вредности, кои натаму ќе се преточат, се надеваме,  во преговарачки позиции на нашата земја.

Дозволете ми, посебно да го издвојам и исклучително важниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан, за кој комесарот Вархеји има најголема заслуга. 

Ние сме благодарни, сите наши граѓани, Владата и сите институции.

Овој Инвестициски план е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетското поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот, енергетските проекти во целиот овој регион. Ова е исполнување на сонот, со сите овие милијарди во порака на кохезија на регионот, на поврзување на целиот регион и вистинска мотивација да испорачаме уште поголеми резултати во периодот којшто претстои.

Мобилизираната финансиска поткрепа од девет милијарди евра преку ИПА 3 финансирањето, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се подржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој на целиот овој регион.

Владата на Северна Македонија, како и владите на останатите земји од регионот веќе ви достави листа на созреани национални проекти кои ќе имаат сериозен општествено влијание како што се проекти од областа на управувањето со отпад и отпадните води, користење на хидро-енергетскиот потенцијал на земјата, унапредување на гасоводната мрежа како и продолжување на унапредување на патната и железничката инфраструктурна мрежа долж Коридорот 8. Вие, ги прифативте овие наши планови и денеска се составен дел на овој Економски инвестициски план.

Благодарни сме што многу важни проекти за Северна Македонија ќе бидат поддржани и одобрени за поддршка и финансирање со планот. 

Изразувам благодарност до ЕУ и за несебичната помош, којашто ни беше дадена  за време на КОВИД-19 кризата која сѐ уште трае. Вчера „легнаа“ 80 милиони евра на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија, а останатите 80 милиони евра ќе бидат во претстојниот период. Навистина солидарноста на Европската Унија се покажа на дело и сето она што Вие господине еврокомесар и Вие и целата Европска Унија е навистина најголемиот поттик за нашето идно работење. 

Секако, благодарни сме за видливо демонстрираната солидарност и помош за итна поддршка за здравствениот сектор, за финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, како и за макро финансиската помош која ќе биде важно надополнување.  

Дозволете ми Комесар Вархеји, уште еднаш да Ви се заблагодарам и да Ви посакам натамошно продолжување на нашата плодотворна соработка и верувајте ќе ви возвратиме со работа, резултат и европеизација на Република Северна Македонија“.

најчитани вести

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...