Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Дуковски: Бојан е во ЛОША здравствена состојба

Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки13, обвинет во случајот ,,Меѓународен Сојуз,, не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот бранител адвокат Сашо Дуковски. Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува.

– Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. крпење на желудникот е тешко и не случајно некој човек и затоа што е здрав се држи во болнички услови затоа што ни од далеку истото не може да се спроведе во затворот „Скопје“, изјави адвокат Дуковски пред Кривичниот суд.

Заради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски, одбраната поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор со мерката куќен притвор. Но, едно вакво барање како што истакна адвокатот Дуковски, вчера им било одбиено.

– Едноставно човек што е опериран од таква болест и со таква операција не може да биде третиран во најсериозните демократии во светот во затворски услови, а не во затворот „Скопје“. И затоа вчерашното одбивање на мерката замена за притвор не претставува ништо друго, туку претставува чист и најчист облик на кривично дело тортура предвиден во Кривичниот закон, истакна адвокатот Дуковски

Иако вчера им било одбиено на барањето за замена на мерката притвор, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, во тек на денешниот ден ќе поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор, со мерката куќен притвор.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...