Жељко Ражнатовиќ Аркан и Цеца се венчаа на 19 февруари 1995 година, според сите православни и српски обичаи. Нивната венчавка беше прогласена за венчавка на деценијата, а ја следеа не само медиумите во регионот, туку и сите големи светски ТВ станици.
Жељко се појави по Цеца во црногорска носија, тој ги почитуваше сите обичаи, погоди во јаболкото, ја купи невестата, а кога песната „Ој светла мајска зоро“ започна да свири на свадбата, Аркан се качи на маса и запеа.

Песната подоцна со некои отстапки стана црногорска химна, а за да покаже дека песната премногу го погоди, Аркан дури и се прекрсти додека пееше.
Семејството Ражнатовиќ е од Црна Гора, а таткото на покојниот Аркан бил офицер на ЈНА кој бил Црногорец. Аркан секогаш бил горд на црногорското потекло и тоа им го пренел на сите синови.
Последниов период овој потег на Аркан стана хит на социјалните мрежи, па се прават монтажи како тој се качува на маса на различни песни.

