Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обратил во Парламентот на Турција со долг говор за Ерусалим и Палестина во кој нагласил дека Ерусалим е нивен град.
Ердоган се повикал на владеењето на Османлиското царство во Ерусалим кое траело со векови, поточно, како што навел од 1517. до 1917. година.
– Во тој град, кој моравме да го напуштиме со сози за време на Првата светска војна уште можат да се видат траги од османлискиот отпор. Така да Ерусалим е наш град – рекол турскиот претседател.
– Прашањето за Ерусалим не е обичен геополитички проблем за нас. Најпрво Стари град, срце на Ерусалим, го изградил Сулејман Величествен и нашите претци покажале почитување и високо го ценеле тој град – навел Ердоган.
– Палестинскиот народ таму живеел со векови, но бил окупиран и неговите права биле загрозени – навел турскиот претседател, пренесуваат изреалки медиуми.
