Секретарката за печат на Белата куќа, Кејли Мекенани е позитивна на коронавирус, што се утврди по тестот што го направи. Според неа, засега нема симптоми, но ветила дека ќе се изолира, односно ќе оди во карантин и ќе работи далечински. Според медиумите, таа е само една во низата најблиски соработници на претседателот на САД кои добиле Ковид-19.
Во денешното соопштение, таа истакна дека не била во близок контакт со новинари или членови на медиуми, откако добила позитивен тест.
Се верува дека Хоуп Хикс била клучна фигура во ширењето на вирусот во Белата куќа – дека ги заразила Доналд и Меланија Трамп, како и други најблиски соработници на претседателот на САД.
— Kayleigh McEnany 45 Archived (@PressSec45) October 5, 2020
