Поранешната сопруга на раперот Стефан Ѓуриќ Раста овие денови не може да се помири со тоа што го доживеала нејзината ќерка која ја има со раперот.

Имено Ана Николиќ во четвртокот заминала за странство, а тригодишната ќерката Тара ја оставила кај поранешниот сопруг Раста.

Кога беше уапсен Раста девојчето било кај него на гости заедно со дадилката. Штом родителите на раперот дознале дека нивниот син е уапсен веднаш ја преземаа грижата за малата внука. Ана потоа го прекина патувањето и се врати дома, вели извор за српските медиуми.

