Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЗО: Пандемијата ја попречува работата на службите за помош на ментално болните лица

Работата на службите за помош на ментално болните секаде во светот е загрозена поради пандемијата на коронавирусот и се очекува заразата дополнително да го загрози психичкото здравје на луѓето, објави СЗО.

Според податоците на СЗО, работата на службите за помош на менталното здравје работи со полн капацитет во само 7% од 134 анкетирани држави, додека дури 93 отсто од анкетираните земји имаат различни проблеми кои се мешаат во редовната работа на психијатриските институции, пренесува „Ројтерс“.

Дополнително финансирање на установите за ментално здравје било обезбедено во само 17 отсто од 134 анкетирани земји со цел да се одговори на зголемениот број случаи на ментални нарушувања за време на пандемијата.

Врз основа на прелиминарните информации, ќе дојде до зголемување на бројот на лица со ментални и невролошки пореметувања и оние кои злоупотребуваат наркотици, на кои ќе им биде потребна помош. На овој проблем подобро ќе одговорат побогатите земји, но наша задача е да обезбедиме стручна помош за сите во случај да има потреба, предупредила Девола Кастел, директорка на Управата за ментално здравје на СЗО. 

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...