12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

КРАЖБИ, ИЗМАМИ, ПРОСТИТУЦИЈА – Ова се сите скандали на естрадата за само пола година

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен за поседување наркотични средства, а во последните неколку месеци ова апсење е само уште едно во низата случаи кога познати личности се најдоа на другата страна на законот.

Раста беше уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи кај него била пронајдена поголема количина сканк, а со него е уапсено и друго лице кај кое е пронајден кокаин.

Портпаролката на обвинителството, Ирена Бјелос, за Танјуг изјави дека осомничените се приведени до 48 часа и дека тие ќе бидат донесени во обвинителството на распит во недела, се товарат за кривично дело недозволено производство и дистрибуција на наркотични средства.

Само еден ден порано, прашина крена старлетата и поранешна учесничка на „Задруга“, Ана Корач.

Ана на својот Инстаграм профил објави игра на среќа што сама ја организираше, за што се соочува со затворска казна од две години. Сфаќајќи дека „зачекорила“ во кривично дело, Корач веднаш ја избриша објавата, но бројни слики од објавата продолжија да кружат на социјалните мрежи.

Белградскиот адвокат Небојша Перовиќ објасни на кој начин Корач го прекршила законот, какви се последиците што може да ги сноси и која институција е должна да реагира во овој момент.

Пред две недели пејачката Љупка Стевиќ демолираше два автомобили во сопственост на полицискиот генерал Драгиша Симиќ, откако, како што тврдеше, дознала дека тој ја изневерувал.

Против неа беа поднесени две прекршочни пријави, а и беше забрането да му приоѓа на Симиќ. Според пејачката, тие биле во врска веќе десет години.

Романа Паниќ беше уапсена во Австралија за кражба на пари од банкомат, а нејзиното момче Филип Мркајиќ беше соучесник во ова злосторство.

Судот во Бризбејн на 27 јуни издаде соопштение во кое се наведува дека Романа Паниќ и Филип Мркајиќ биле уапсени за грабеж на банкомати. Полицијата претходно ги прибавила сите докази, видео записи, изјави на сведоци, преписка од телефонот на пејачката и нејзиниот партнер. Романа беше во затвор до 1 август, по што беше сместена во центар за мигранти, а беше депортирана во Белград на 10 август.

При претрес на станот што Романа и Филип го користеле во Бризбејн, полициските службеници ја пронашле целата машинерија што ја користеле за криминалот. Пронајдени биле и снимки снимени од камера инсталирана на банкомат, како и 23.500 австралиски долари.

Старлетата Тијана Ајфон беше уапсена во мај годинава во акцијата „Кристал“, кога беа затечени 36 лица во Бјелина. Осомничените се товарат за злоупотреба на дрога, неовластено поседување оружје и проституција, а Тијана Ајфон беше ослободена од притвор на крајот на јуни за да се брани од слобода.

Се споменуваа и имиња на политичари и бизнисмени во овој случај, но обвинителството во Босна и Херцеговина не открива со кои големи „ѕверки“ таа била интимна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести