11.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ВЛАДАТА ГИ ПРИФАТИ ПРЕДЛОЗИТЕ: Нема гостување на музичари, на маса максимум четворица

Министерот за здравство Венко Филипче во вестите на ТВ21 посочи дека Владата ги прифатила предложените мерки од Комисијата за заразни болести.

– Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека немаа дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица, рече Филипче.

Тој додаде дека овие мерки се едногласно донесени во Владата

Филипче претходно по состанокот со Комисијата за заразни болести во вестите на Канал 5 телевизија денеска ги објасни предлозите од седницата.

– Прво, да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Потсетуваме, дека дискотеките и ноќните клубови не добија дозвола за работа, инсистираме да се почитува работното време во угостителските објекти до 12 во работни денови, и 1 часот после полноќ за викенд. Се намалува дозволената гласност на музиката и се ограничува до 55 децибели согласно нашиот правилник на Министерството за здравство, со цел да се намали поголемата концентрација на луѓе на едно место. Препорачуваме и да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Го очекувавме ова, го најавувавме тој зголемен притисок, мини бран што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори.”- потенцираше министерот Филипче.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести