Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СКОПЈАНИ СЕ ТЕПААТ КАЈ СТИГНАТ: Пред кафеана, пред продавница и на сред улица

На 04.10. околу 00,00 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека во угостителски објект во населба Илинден има нарушен јавен ред и мир и има едно лице со повреди, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот. Според пријавеното, З.И.(42) од с.Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10. околу 20.50  часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.1732 на 15 и 14 годишни малолетници давајцата од Скопје од една страна и 15 годишен малолетник од с.Шишево од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 03.10. во 19,45 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 19,00 часот на ул. 30 во Радишани пред маркет додека бил заедно со неговиот татко С.Ј.(62) од Скопје биле физички нападнати од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.09. околу 15,00 часот во СВР Скопје, Ј.Р.(28) с.Идризово пријавил дека во с.Идризово, скопско, бил физички нападнат со тврди предмети од лицата И.Д.(40), И.Д.(33) и Б.Д.(23) сите од село Идризово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.10. околу 02.40 часот пред угостителски објект на ул.„Костурски херои“, А.Т. (20) омаловажувал полициски службеници, а потоа дошло и лицето И.М. (22) од Скопје, кој физички да напднал еден од полициските службеници. Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Центар.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...