5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Зошто Холанѓаните НЕМААТ ЗАВЕСИ НА ПРОЗОРЦИТЕ

Иако Холанѓаните денес главно се декларираат како атеисти, калвинизмот некогаш радикално го смени нивниот начин на размислување, а тоа е причината поради што сè уште немаат завеси на прозорците.

Калвинизмот е насока на протестантизмот што ги постави темелите на холандското општество – дисциплина, трудољубивост и штедливост. И додека католиците веруваат во искупување, калвинистите веруваат дека нашата судбина е предодредена од Бог.

Верникот ја докажува својата вера со самоконтрола и економска активност. Секој материјален луксуз е во спротивност со скромноста на калвинистите. Историски гледано, свештенството на врвот некогаш уживало во придобивките од финансиската добивка, но секогаш зад затворени врати, и уште поважно, спуштени завеси.

Калвинистичкиот менталитет се фокусираше на политиката на отворени врати, бидејќи никој нема што да крие и слично.

Денес, зградите во Амстердам се густо наредени, а прозорските стакла се поголеми отколку во повеќето европски градови. Една девојка од странство, која дошла да живее во Холандија, пишува дека и било непријатно што цело време се чувствувала како воајер и открива дека повремено мавтала со луѓето во становите, но тие не реагирале.

Потоа, на првото жешко лето, таа намерно продефилирала околу нејзиниот стан, исто така без завеси, во бикини.

Никој од улицата еднаш не погледнал кон нејзиниот прозорец или ако погледнале – немало апсолутно никаква реакција.

Помладите генерации полека го фрлаат овој обичај во заборав.

Си-Ен-Ен пишува дека откако имигрантите почнале да пристигнуваат во Холандија, младите Холанѓани сепак сакаа поголема приватност, па сега на нивните прозорци може да се забележат се повеќе и повеќе шаблони и завеси.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести