Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Имате јасно зацртани цели. Свесни сте за тешкотии и полека, една по една ги решавате.Сакате да минете што повеќе време со партнерот, но поради неговите фамилијарни обврски, не можете. Солидно здравје.

БИК

Работните планови ги реализирате со она темпо како што сте планирале. Имате нагласена потреба за блискост со партнерот. Вашите желби се и нејзини желби. Притисокот е нестабилен, па поради тоа расположението варира.

БЛИЗНАЦИ

Ви се трошат идеите за решавање на работните проблеми. Вљубени сте, и уживате во времето минато со другата половина. Физички сте неактивни и сега ги чувствувате последиците.

РАК

Полни сте со позитивна енергија и со многу отпимизам тргнувате да ги решавате насобраните работни проблеми. Ако сте во брак, ви недостасува внимание од партнерот. Водете сметка околу начинот на исхраната.

ЛАВ

Подготвено се соочувате со работните предизвици. Вашата упорност, амбиции и сериозност носат конкретни резултати. Имате потреба за блискост со партнерот, но тој е нервозен. Чувајте се од настинки.

ДЕВИЦА

Ги анализирате повеќето работни идеи и не сте сигурни за која да се одлучите. Сите имаат предности и недостатоци. Не ги покажувате своите емоции на партнерот. Нему му пречи и отворено покажува незадоволство до вашето однесување. Нестабилен притисок.

ВАГА

Работните преговори со странство одлично напредуваат. Ако сте во брак, презадоволни сте од односот со партнерот. Отворено му покажувате колку ви значи. Можни се добро познатите проблеми со алергијата.

ШКОРПИЈА

Не постигнувте успех на работа и поради тоа сте фрустрирани. Емотивно сте задоволни, затоа што вашиот партнер ве разбира и ви пружа поддршка. Чувствувате замор.

СТРЕЛЕЦ

Во споредба со колегите, многу сте поуспешни и поради тоа прилично задоволни. Емотивно сте неисполнети. Имате потреба за врска, но не успевате да запознаете некој кој ќе ве заинтересира. Добро здравје.

ЈАРЕЦ

Ако нешто не сакате тоа е изненадувачко менување на плановите. Ви треба време за да ги прифатите новите работи. Ја исполнувате желбата на партнерот поголем дел од времето да минете во интимна атмосфера. Солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Поволен дел за приватни работници. Парите кои ги чекате веќе некое време, конечно, стигнуваат на вашата сметка. Емотивно сте незадоволни, но и незаинтересирани за ова поле. Очите ви се уморни, избегнувајте седење пред компјутер.

РИБИ

Неповолен ден за приватни работници. Добивате информација дека парите нема да стигнат до вас денеска. Рибите во брак уживаат максимално во блискоста и сигурноста која партнерот им ја пружа. Одлично здравје.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...