8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Проштална средба на претседателот Пендаровски со канадската амбасадорка Кетлин Чаба


Претседателот Стево Пендаровски, денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Канада, со седиште во Белград, Кетлин Чаба.

На средбата беа разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи меѓу двете држави кои бележат нагорен развоен тренд и беше потврден заемниот интерес за унапредување на соработката во повеќе области, особено во економската, како и натамошно продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од традиционално добрите односи меѓу двете држави, засновани на заеднички вредности, се заблагодари за постојаната канадска партнерска соработка на нашиот евро-атлантлантски пат. „Поддршката од Канада за нас е од големо значење и очекувам од нашите канадски пријатели и партнери уште позасилена помош во претстојниот период“, рече претседателот Пендаровски на средбата.

Амбасадорката Чаба, поздравувајќи ги надворешно-политичките активности кои нашата држава ги презеде изминатиот период, изрази задоволство што Северна Македонија во март годинава стана полноправна членка на НАТО Алијансата и ја пренесе канадската поддршка во процесот на пристапување кон Европската Унија.

На средбата стана збор и за активностите поврзани со пандемијата на Ковид-19, при што беше истакната потребата од зголемена соработка и солидарност помеѓу државите, како одговор на здравствените и социо-економските предизвици наметнати од овој глобален проблем.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорката Чаба, посакувајќи и натамошен успех на личен и на професионален план.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести