Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

САД: Русија лошо се однесува во С. Македонија и се обидува да манипулира со Православната црква

Русија и Кина се активни како надворешни сили на Балканот, а посетата на државниот секретар Мајкл Помпео таму е начин „да се одговори на тој предизвик“, велат високи претставници на Стејт департментот.

Балканот е „стратешки многу динамичен регион“ со надворешни сили.

„Кина го купува пристаништето Пиреја, Русија покажува лошо однесување во С. Македонија, Русија се обидува да манипулира со Православната црква – запомнете дека пред околу две и пол години Грција протера четворица Руси за нивно учество … во несоодветни активности поврзани со црквата”, изјави портпарол на Стејт департментот.

Брифингот беше по повод дводневната посета на Помпео на Грција.

Според друг портпарол на Стејт департментот, целта на посетата била „обединување на сите аспекти на американската моќ и американската дипломатија за да се одговори на овој предизвик“ од Русија и Кина во регионот.

Од 27 септември до 2 октомври, Помпео е на турнеја низ Европа, при што ја посети Грција и ќе престојува во Италија, Ватикан и Хрватска.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Македонија

Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6...