Денес при заседавањето на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на Христијан Мицкоски беше изгласан Ѓорѓија Сајкоски за нов Генерален секретар на партијата.
Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.
Инаку во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.