Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Кој е “глуп како камен“, а кој мора да “зачепи“, хаос и канонада од навреди: Како Трамп во првата дебата Бајден го извлекол на свој терен

Првата претседателска дебата, кандидатите кои во ноември ќе излезат на претседателските избори, ја претворија во хаос и канонада од навреди бидејќи Доналд Трамп постојано го прекинувал и навредувал лично кандидатот, а бил навреден од изјавата на Џон Бајден дека бил најлошиот претседател во историјата на САД.

Трамп постојано го прекинувал Бајден на секоја тема, а бившиот потпретседател на САД брзо подлегнал на притисокот и честопати ја губел мислата кога Трамп ќе го прекинел.

Првата остра расправа почнала на тема здравствена заштита, а Бајден во еден момент остро изреагирал: Доналд, ќе сакаш ли да зачепеш макар на кусо“? На прашање зошто Американците би требале да го одберат него а не Трамп на претседателските избори, одговори: “Бидејќи се болни, сиромашни а актуелниот претседател земјата ја направил лошо и насилно место за живот“ Бајден упатил уште неколку остри реченици, но како и секој пат бил прекинуван од Трамп.

Модераторот го замолил претседателот да се присети како пред почетокот на дебатата се согласил на модел по кој и двајцата имаат еднакво време да ги изразат своите ставови, каде што Бајден поентирал: “Па тој човек никогаш не го одржува зборот“.

А Трамп? Тој се осврнал на “план на напад“ од 2016 година, кога ја нападнал бившата државна секретарка. Еден од најсилните “панчлајнови“ во дебата Трамп ги испукал во првиот половина час, каде што постојаноп го прекинувал Бајден.

“Немој да го кажувап зборот паметно, кога разговараша со мене“, рекол Трамп. “Нема ништо паметно во врска со тебе Џо“. Трамп удрил и на тема “ментално здравје“ на својот против кандидат, зборувајќи дека е “успорен“, а во некои моменти дури и дека е “глуп како камен“

Кога Бајден рекол дека Трамп “немал план за корона вирусот и дека поради тоа страдаат сите Американци“, Трамп се бранел дека “Кина е виновна за се“ а потоа удрил контра: “Ти, таков, ќе изгубеше многу повеќе животи“.

Кога веќе го спуштил својот гард и Бајден успеал да му возврати: “Го молам овој човек да излезе од својот бункер, од својот песочен бункер на голф теренот и да ги обедини демократите и републиканците во борба за спасување на човечки животи“.

Бајден успеал да каже уште една важна работа, која макар во Тексас ќе биде од корист. Тој минатата година платил 300.000 долари федерален данок на добивка. Прашање е само дали тоа некој го слушнал од викањето и монолозите на Трамп…

L.

извор: Nedelnik.sr.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...