-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ЗАТВОР ЗА ЗАБАВА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА – Ригорозна казна во Мериленд

Строги казни следат во САД за непочитувачите на мерките за заштита од коронавирусот.  Судот во американската сојузна држава Мериленд го осуди 42-годишниот Шон Маршал Мајерс на една година затвор поради непочитување на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

Имено, Мајерс е прогласен за виновен поради кршење на забраната за организирање собири со повеќе од 10 лица, што беше пропишано од државата Мериленд за време на пандемијата.

На 22 март тој организирал забава во неговата куќа, на којашто присуствувале околу 50 лица. Полицијата интервенирала. Но, седум дена подоцна, добиле дојава дека Мајерс повторно организира забава со повеќе од 50 лица.

Судот смета дека претставува отежнувачка околност што тој се расправал со полицајците кои интервенирале, и тоа во двата случаја.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести