19.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Се преврте автобус со војници на АРМ, нема тешко повредени

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип, информираме дека се работи за автобус кој превезува припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш- Штип-Петровец, се вели во соопштението од АРМ.

Од Армијата информираат дека во сообраќајната незгода која според нивните и информациите од МВР се случила во 06.47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 (шеснаесет) припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите. Автобусот од типот “Сетра” во сопственост на фирмата “Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници, информираат од АРМ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести