Во Хаг најавено апсење на Хашим Тачи кое треба да се случи наскоро, рече министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и посочи дека 99 проценти е сигурен дека тоа ќе биде сторено.
Дачиќ, како гостин на телевизијата „Хепи“, рече дека Тачи знае што го чека и дека судот нема да објави дали обвинението против Тачи е прифатено или не.
– Дали (Тачи) ќе биде осуден или не, не знам. Но, тој ќе биде уапсен, веројатноста е 99 проценти”, рече Дачиќ.
Тој посочи дека не треба да се радува на тоа, туку треба да се бараат докази.
– Треба да учиме од Евреите … да знаеме за секоја жртва, историја, да запомниме, едноставно да бидеме наша национална болка што треба да ја пренесуваме од колено на колено, рече Дачиќ.