21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Министерот за здравство станува се повеќе министер за ширење на зарази и епидемии

Неколку дена по ред стапката на заразени во однос на бројот на тестирани е над 10%. Состојбата станува алармантно, а од министерот Венко Филипче нема ни трага ни глас, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека додека министерот Филипче се занимава со градежен бизнис, здравството во Македонија колабира.

-Бројот на вкупно заболени од корона вирус надмина 17.600 заболени лица и достигна до речиси 730 починати, што е далеку повеќе од прогнозите на министерот. Македонија во пресрет на вториот бран од епидемијата има рекордни бројки на заболени и починати. Дополнително главниот Ковид центар во државата, болницата 8-ми септември е пред финансиски колапс и нема доволно средства за набавка на материјали и нормално работење, а останатите болници секој ден се полнат со се повеќе заболени. Во болницата Козле бележат зголемен број на заболени деца и мајки од вирусот, а исто така се бележат секој ден нови бројки на заразени деца во градинките во Скопје и Македонија. Епидемијата се шири без контрола. На целата ваква состојба од министерството одговараат со мал број на тестови кои и покрај бројот покажуваат дека огромен број од тестираните се заразени од вирусот. Тоа значи дека министерот за здравство станува се повеќе министер за ширење на зарази и епидемии, кој без јасен план и мерки не воведува во нов ризичен период, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мафијата на власт се грижи за своето богатење, а не и за здравјето и животот на граѓаните

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести