Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Претседателот Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во „Вила Водно“, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Република Северна Македонија.

Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. Годинава добитници на признанието се 8 дипломирани инженери од различни области.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на инженерството во креирањето на целокупната иднина на секое општество.

„Живееме во свет кој брзо се менува и кој е зависен од современите технологии кои отвораат нови перспективи, но, и свет кој е ранлив и кршлив што особено го покажува актуелната пандемија со Ковид-19. Како идни инженери, вие сте дел од нашиот човечки потенцијал врз кој мора да се темели иднината на нашата земја“, истакна претседателот Пендаровски.

Според Претседателот, без разлика дали станува збор за архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски или шумарски инженери,  нивниот професионален предизвик е остварување на личен развој, но и прогрес за пошироката заедница во која живеат.

„Се надевам дека најголем дел од вас ќе продолжат да се надградуваат, да напредуваат и професионално да се остваруваат во својата татковина. За тоа да се случи мора да бидат создадени сите предуслови од релевантните субјекти: државните институции, системот на образованието, бизнис-заедницата, за вашата иднина и професионалниот развој да бидат врзани со матичната земја“, нагласи претседателот Пендаровски, посакувајќи им на младите инженери натамошен успех и да бидат движечка сила која ќе овозможи напредок и општество на благосостојба.

Признанието „Инженерски прстен“ се доделува по 17-ти пат, а досега го добиле 178 дипломирани инженери.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

„Со толку раширена циркулација на вирусот, повеќе не помагаат ни маски во затворени простории. Не помага ни одржувањето растојание, концентрацијата на вируси во воздухот...