20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ЛЕКУВАЊЕТО Е СКАПО, а за да не дојде до него ова се правилата за исхрана

Наместо да се намалува со текот на времето, морталитетот поврзан со лошата исхрана драстично се зголеми во 21. век. Во светот, само во 2017 година, 11. милиони смртни случаи се поврзани со слаба исхрана.

Едно медицинско списание објави ново шокантно тврдење дека дури една петтина од смртните случаи во светот се поврзани со слаба исхрана, само во САД во 2017. година, потврдени се 11 милиони смртни случаи поврзани со лошата исхрана

Топ три „врвни” три болести поврзани со лошата исхрана се кардиоваскуларни заболувања, рак и дијабетес тип 2 .

Иако стапките на смртност од рак, на пример, од 1999 до 2015 година се намалиле кај мажите и жените, новиот извештај покажува дека стапката на смртни случаи поврзани со исхраната се зголемила. Во САД, на пример, во 1990. година изнесувала само 8. милиони, во споредба со денешните 11 милиони луѓе. Еве што вели извештајот, кои се најчестите грешки во исхраната поради кои се зголемила смртноста поврзана со исхраната:

Недоволно јатки и семки

Најголемите недостатоци во оптималниот внес се забележани за јатки и семиња, се вели во соопштението, а се покажало дека дневно се внесува само 12 отсто од препорачаната дневна доза. Студијата вели дека би било идеално 21 грам на ден, а во просек се земаат само 3 грама дневно. Имено, јатките се одличен извор на протеини, влакна, здрави масти и витамини.
„Наместо да јадете нездравИ заситени масти, обидете се да го замените со неколку јатки, околу една шака, (ореви, бадеми, лешници, индиски ореви)“, препорачуваат од клиниката Мејо.

Премалку млеко

Според новата студија, ние во просек внесуваме 16% од препорачаната количина млеко дневно (идеално 435 грама на ден). Конзумирањето на полномасно млеко и други млечни производи со целосна маснотија е поврзано со помал ризик од дебелина. Покрај тоа, полномасното млеко може да им помогне на децата поефикасно да апсорбираат витамин „Д“, и општо познато е дека е тесно поврзано со посилни коски.

Премалку целовити житарки

Нивниот просечен внес за оваа студија е 29 грама дневно, а 125 грама дневно би било идеално.
Конзумацијата на доволно количество цели зрна е тесно поврзана со намалување на ризикот од срцеви заболувања, подобро здравје на дигестивниот систем и помош при контрола на телесната тежина. Целовити зрна се обично кафеав ориз, јачмен, овес и леб од зрна пченица и пуканки.

Премногу сол, слатки пијалоци и обработено месо

Веројатно сте слушнале за многу последици од пиење премногу слатки и газирани сокови, а некои од нив се зголемување на телесната тежина, дијабетес и расипување на забите. Тоа е исто така поврзано со мозокот и срцевите напади, деменција и зголемување на телесната тежина. Премногу натриум може да предизвика висок крвен притисок и срцев удар, а преработеното месо може да ги зголеми шансите за дијабетес, срцеви заболувања и некои видови на рак.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести