20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Во Конго за вакцина против ебола СЕ ПЛАЌА ПОИНАКУ

Жените во Демократската Република Конго кои сакаат да ја примат експериментална вакцина во време на втората најголема епидемија на ебола досега се сексуално експлоатирани, се тврди во извештаите за пионерската програма за вакцинација на СЗО, пренесува РТ.

Учесниците во студијата за вакцината против ебола и хуманитарните работници алармираат дека од жените се бараат сексуални услуги во замена за вакцината и за другите медицински услуги поврзани со еболата”, дел од зголемениот наплив на родово-базирани насилства кој зајакнува паралелно со епидемијата, покажува истражувањето презентирано на состанокот на националната работна група во Бени и објавено во „Гардијан“.

“Овој регион на ДРК има долга историја на сексуално насилство и експлоатација на жените и девојките. Иако е шокантно, ова е проблем што можеше да се очекува”, вели Трина Хелдерман, висок советник за здравство и исхранаво хуманитарната НВО Медијар, критикувајќи ги хуманитарни актери за неуспехот да воведат посеопфатни безбедносни мерки за заштита на жените и девојките.

Жените се обвинети дека не успеале да го спречат ширењето на еболата, покажува истражувањето на Меѓународниот комитет за спасување.

Министерството за здравство на Конго објави јавен повик за жителите да го пријават секој што нуди третман или вакцинација во замена за пари и потврди дека имало гласини оти жените што учествуваат во акцијата против ебола ги добиле работните места во замена за сексуални услуги, но не се осврна на гласините за секс-за-вакцина.

Од СЗО е побарано да издаде глобално предупредување во врска со шестмесечната епидемија во која се инфицирани 811 луѓе, а починати се 510 од август. Тоа е најголемата појава од епидемијата во 2014-2015 година, во која умреа повеќе од 11.000 лица, а владите, вклучувајќи ги и САД, го повлекоа дипломатскиот персонал од страв за нивната безбедност.

Иако тврдат дека вакцината против ебола е многу ефикасна, од СЗО потврдија дека постои многу висок ризик вирусот да се прошири во Уганда, Руанда и во Јужен Судан, а трасата на пренесување е нејасна во алармантни 80 отсто од случаите. Во трудот објавен во „Лансет“, експертите поочуваат листа надворешни фактори – политичката нестабилност, конфликтот и масовната регионална и прекугранична миграција – што може да ја влошат епидемијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести