2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

АВИОНИ ГИ НАПАДНАЛЕ ЕРМЕНСКИТЕ ПОЗИЦИИ: Започнува офанзивата на Азербејџан

Ерменскиот премиер Никола Пашинијан на својата Фејсбук страница објави дека авионот на азербејџанското воено воздухопловство го започнал нападот во правец на Нагорно Карабах.

Според него, вооружените сили на Азербејџан извршиле напад врз непризнатата република.

„Непријателот го започна нападот врз Арках. Армијата на одбраната успешно се спротивстави на нападот. Ситуацијата е во состојба на оперативен развој “, напиша Пашинијан.

https://www.facebook.com/nikol.pashinyan/posts/2762531317400579

Претходно, азербејџанското Министерство за одбрана објави дека ерменските вооружени сили пукале во населените места на демаркационата линија во Нагорно Карабах и дека биле убиени цивили.

Уште во 1991 година, Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци, прогласи независност од Азербејџан.

Баку се обиде да го врати регионот насилно и започна војната.

Во 1994 година, Азербејџан, Ерменија и непризната Република Нагорно-Карабах, со посредство на Русија, потпишаа протокол за прекин на огнот.

Повремено, воените операции продолжија.

Во јули оваа година имаше конфликт на ерменско-азербејџанската граница, на околу 300 километри од Карабах. Бројот на загинати од двете страни беше 18 лица.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести