Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТРАМП ОТКРИВА: Вучиќ и Хоти СЕ ГУШКАА по потпишувањето на договорот (ВИДЕО)

На предизборниот митинг во Мидлтаун, Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп се осврна и на договорот меѓу Белград и Приштина и тој договор го оцени како свој и успех на Соединетите држави.

Трамп рече дека договорот спасил многу животи и наведе дека тоа е причина зошто тој беше номиниран за Нобеловата награда за мир.

Како што рече во обраќањето до гласачите, објавено на Јутјуб, станува збор за придонесот кон постигнување договор меѓу Белград и Приштина и меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел.

„Тие се убиваа многу години, само се убиваа, не се сложуваат“, рече Трамп.

Тој додаде дека станува збор за несогласување како несогласувањето меѓу Палестинците и Израел, истакнувајќи дека Белград и Приштина се разликуваат во многу нешта, вклучувајќи ја и религијата.

“Тргувавме од двете страни, така што имаме одредена моќ. Им реков, слушајте, ајде да постигнеме договор, да постигнеме економско примирје и општо примирје”, рече Трамп во Пенсилванија, споделувајќи им на гласачите својот впечаток за реакцијата во неговата канцеларија по потпишувањето на договорот меѓу претставниците на Приштина и Белград.

„Тие се прегрнаа, беше прекрасна работа да се види, спасивме многу животи“, рече Трамп.

најчитани вести

Забава

Марија Шерифовиќ ја посетила слаткарницата на својата мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, за да научи да прави торта, но и се случил еден пех....

Забава

Овен Ноември носи хармонични моменти со семејството, пријателите и партнерот. Наоѓате утеха во нив, и секогаш кога имате лош ден, тие се тука за...

Забава

Актерката Јелена Јованова или како што уште сите ја знаат – Јелена од Драчево, поради ликот кој го толкуваше во серијата „Преспав“, денес слави...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....