Поранешниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Центар и екс амбасадор во Унгарија, Игор Есмеров, во емисијата „360 Степени“ зборуваше за последните случувања во партијата.
Тој потсети на трите работи кои ги ветил Мицкоски пред да го преземе водењето на партијата.
- „Првата работа е дека ќе го сплоти членството и ќе ги спречи расколите. Втората работа е ќе ја поправи ситуацијата и кредибилитетот на ВМРО пред меѓународната заедница и третата работа е дека ќе го зголеми коалициониот капацитет. Што од овие три работи е направено?
Тој додава дека не е дел од иницијативата за промени, но дека е демократски процес.
- Интересно е што Мицкоски ги нарекува мафијаши оние што го избраа за лидер на конгресот во Валандово. Дали според неговата логика, тој самиот е избор на мафијаши, прашува Есмеров.
