23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Наставата во сите дебарски училишта САМО ОНЛАЈН

Општина Дебар не доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во ниту едно училиште, чиј основач е Советот на општината.

– Во трите општински основни училишта и гимазијата, според одлуката на Владата, наставата ќе се изведува онлајн. Ние како општина побаравме настава со физичко присуство на учениците да се овозможи во основното училиште „Пенестија“ и гимазијата „ 28 ноември“. Планираме седница на Советот на општината од каде ќе доставиме барање одлуката да се преразгледа, изјави за МИА градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Во гимназијата сметат дека ги исполнуваат сите услови за настава со физичко присуство на учениците.

– Оваа одлука е разочарувачка. Најпрво располагаме со објект и простор кои ретко ги има во државава, со посебно внимание ги исполниме сите услови, точка по точка врз основа на барањето на надлежните институции. Соодветната комисија беше на увид и како што кажаа нема никаков проблем, но одлуката е донесена со која воопшто не се согласуваме, изјави за МИА директорот на гимназијата, Рамадан Имери.

Додаде дека со доволен простор за тоа располага и новиот објект на гимназијата во селото Могорче, каде функционираат истурени паралелки. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести