5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ЕДНИОТ ПИЛОТ ЗАГИНАЛ, ПО ДРУГИОТ СЕ ТРАГА

Еден пилот загинал во падот на авионот МИГ-21 на војската на Србија, кај Мали Зворник, додека за другиот и понатаму се трага. 

Како што пишува српски Телеграф, леталото се урнало во дворот на еден мештанин кој во таа прилика е повреден.

До несреќата дошло за време на извршување на редовната летачка задача, утринава околу 9 часот. Авионот, како што соопштуваат од српското министерство за одбрана, утринава бил прегледан во склад со сите процедури и после прегледот било констатирано дека е исправен и подготвен за лет. 

Инаку, станува збор за единствениот МИГ-21 кој бил активен во војската на Србија, двосед, ремонтиран во 2016 година. Авионот уште бил и најмлад МИГ-21 набавен во декември 1986 година. После ремонтот добил дозвола да лета до 2026, а после ремонтот бил приземјен во 2018 за повторно да почне да лета во почетокот на мај годинава. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести