8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

УАПСЕНИ 5 РАЗБОЈНИЦИ ОД ТЕТОВО

На 23.09.2020 во периодот од 11.00 до 14.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово, поради основи на сомнение дека на 09.08.2020 извршиле разбојништво во стан на ул.„Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка.

Вчера, исто така, од 16.50 до 19.20 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци. Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести