21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

(ВИДЕО) Синоќа во Тетово грст пари беа фрлени кон претседателот на РКЕ, Бислимоски

Синоќа во Клан Македонија имаше дебата за зголемување на електричната енергија, како и зголемување на 7,4% електрична енергија за домаќинствата.

Меѓу гостите во дебатата беше и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази, пренесува Albanews24.

Додека претседателот на РКЕ, Бислимоски, одеше кон неговиот автомобил, група граѓани организираа мирна акција, во знак на револт против поскапувањето на струјата. Тие фрлија куп пари на скалите каде се наоѓа телевизијата Клан Македонија.

Целта на акцијата беше да им укажат на РКE и на енергетските компании кога ќе се наситат од изнудата што им се прави на граѓаните во време на пандемија.

Инаку, за време на емисијата, Кренар Османи од Иницијативниот совет за протестите, на Бислимоски му подари бубрези и две литри крв, во знак на револт од граѓаните за поскапувањето на струјата, потенцирајќи дека народот нема пари, тоа им е се што им остана за давање.

Видеото можете да го погледнете на Albanews24.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести