Татко го поминал патот од Глазгов до Манчестер со мал розов велосипед од неговата ќерка, и тоа го сторил за да собере пари за добротворни цели.
Весли Хамнет (37) заврши неверојатен подвиг на 21 септември во 18 часот, минувајќи 370 милји за шест дена.
Тој растојанието го помина на мал, розев велосипед, кој стоел неискористен во барака веќе неколку години.
После неверојатната авантура, тој призна дека не се чувствува многу добро
– Се чувствувам како да сум на врвот на светот поради тоа што го направив, но сè ме боли. Најмногу ме боли грбот, но ниту нозете, ниту колената не се помалку болни – рече тој.

Сепак, како што рече, неговите ќерки се најгорди и никогаш не ги видел толку да се смеат.
Досега има собрано повеќе од 5.000 евра, кои ќе ги донира на разни организации.
Весли планирал да замине во Русија со својот велосипед, но поради Ковид-19, неговиот план треба да почека.
