Кога Џенифер Лопез ќе објави слика во костим за капење, на Инстаграм се пали црвено светло бидејќи лајковите и коментарите рушат рекорди.
Џенифер Лопез уживаше во последните денови од летото, па за своите фанови позираше на плажа и објави фотографија на Инстаграм со коментар дека „се чувствува ЗЛАТНО“.
Ти си златото и возвратија нејзините обожаватели, а сликата за миг ја лајкнаа 2 милиони следбеници.
Кога жената работи на себе (тренира и јаде здраво и, се разбира, се грижи за себе), но ги има и сите чуда на модерната козметика при рака, тогаш таа навистина може да го измами времето не само по дух, туку и по изглед.
Кое време би било посилно од убавината на жената? Таа битка е изгубена само ако ја предадете. И зошто би го сторила тоа, вели популарната Џеј Ло