10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СЛИКА ЗА ИСТОРИЈА: Партијата на Ѓукановиќ во опозициски клупи (ФОТО)

На денешната конститутивна седница на црногорскиот парламент, пратениците на ДПС,  на Мило Ѓукановиќ ги зазедоа местата наменети за опозициските партии.

Фотографијата од пратениците на ДПС на својот профил на Твитер ја објави претседателот на Десницата на Црна Гора, Марко Милачиќ, со коментар „Историја, ДПС во опозициските клупи“.

На денешната седница ќе се конституира парламент во кој ДПС на Мило Ѓукановиќ, по скоро 30 години, нема да има мнозинство.

Досега трите опозициски листи „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бели“ имаат вкупно 41 место во парламентот, кој има 80 места.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести