Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

УШТЕ ЕДНА ДРСКА ИЗМАМА: Кавадарчанец дал 6000 евра за ќерка му да не оди во затвор поради „СООБРАЌАЈКА“

Во Полициската станица Кавадарци вчера 69-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Според пријавеното, околу 12 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно дете и за да ја спаси да не оди во затвор,  му побарало 100.000 долари. Според пријавата, 69-годишникот го известил дека има само 6.000 евра кои треба да ги извади од банкарска сметка. Како што било  пријавено, откако ги дал парите, лицето заминало и после тоа не му се јавило, појасни Додевски.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА дознава дека во текот на денешниот ден, во Кавадарци имало три неуспешни обиди за ваков вид на измама. Од полицијата повикуваат на внимателност, со цел да не се случуваат вакви и слични измами. Истовремено,  апелираат за сите сомнителни случаи, да се пријави на бројот 192. 

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...