20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Цело село губело интернет точно во 7 часот – ПРИЧИНАТА ЈА ОТКРИЛЕ ПО 18 МЕСЕЦИ

Инженерите конечно ја решија загатката што ги мачеше со месеци, бидејќи никој немаше идеја зошто целото село во Велс остануваше без широкопојасна мрежа секое утро точно во 7 часот наутро, пишува Би-Би-Си.

Тие немаа идеја дека стар телевизор е виновен за сè. Неименуваниот сопственик на куќа од Аберхосан во провинцијата Повис не знаел дека сигналот што го емитува неговиот стар уред се меша со работата на широкопојасната мрежа за целото село.

Локалните жители пријавувале за лошиот интернет цели 18 месеци, а инженерите не можеле да дознаат зошто се случува ова, секое утро во 7 часот. Го смениле кабелот, но проблемот не бил решен, се додека не добиле уред за мониторинг со кој сфатија зошто тоа се случува.

Стариот телевизор емитувал електрични пречки.

„Секое утро точно во 7 часот“, без грешка, рече инженерот Мајкл Џонс.

Сопствениците на стариот телевизор се исплашиле кога им било кажано дека нивниот уред предизвикувал проблеми 18 месеци.

Откриено е дека телевизорот емитувал единствен импулсен шум на високо ниво (SHINE) што предизвикува електрични пречки во другите уреди.

Џонс вели дека немало повеќе проблеми откако се утврдила причината за падот на Интернетот во целото село.

Телекомуникациската компанија сега бара јавноста да користи електронски уреди што ги исполнуваат британските стандарди.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести