5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Обвинителката Стефанова до адвокатот Василев: АЈ БЕ ЌУТИ ТАМУ

На денешното рочиште за случајот Титаник обвинителката Лиле Стефанова со уличен речник до бранителите на обвинетите побара да не реагираат на очигледната повреда на Законот за кривична постапка.

Откако виде дека исказот на сведокот Наќо Николоски од Кичево не се совпаѓа со она што го кажал во просториите на СЈО, Стефанова побара од судијата Осман Шабани сведокот да не биде директно испрашуван од одбраната.

На ова реагираше одбраната на обвинетите дека сведокот е во листата на сведоци за директно испрашување под точно утврдени околности како и поради фактот што истиот не е испрашан во присуство на одбраната иако Законот за кривична постапка тоа го предвидува.

Откако овој факт му беше предочен на судијата Шабани како и фактот дека на обвинетите не им беа презентирани доказите во истражната постапка Стефанова целосно се избезуми и на адвокатот Петар Василев од место му се обрати со зборовите „Ај бе ти, ќути таму“ што предизвика реакција кај сите присутни.

Судијата Шабани откако ја смири ситуацијата сепак одлучи во полза на Стефанова и го одби барањето на одбраната сведокот да биде директно испрашуван.

На ова уследи и уште една нервозна реакција откако сведокот на Стефанова, шалтерски работник од НЛБ банка потврди дека уплатите на средствата за донација на наменската сметка на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 се реализирани на законски начин.

Имено, во 2013 година согласно тогашната законска регулатива, било кое лице можело да уплати за друго лице до 60.000 денари на сметка во банка. Со тоа во целост се побива тезата дека уплатите во платниот промет биле незаконски.

Инаку и шалтерскиот работник како и другите сведоци потврдија дека ниту некогаш се сретнале со некои од обвинетите ниту ги познаваат ниту пак ги присилиле на било какво незаконско дејствие.

Ова е веќе десетти случај во низа на побивање на тезите на Стефанова иако упорно и на сила пробува да ја турка Заевата приказна дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничка организација.

Додека трае судското рочиште во просторијата се наоѓаат околу 40 лица без истата да се проветри, а самата обвинителка често ја вади заштитната маска иако за истото обвинетите редовно се опоменуваат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести